1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Две жртви, многу повредени во експлозијата во Леверкузен

ЖА / агенции
27 јули 2021

Двајца загинати, неколку лица се водат за исчезнати во експлозијата во Леверкузен во која се повредени 31 лице. Причината за несреќата не е позната.

https://p.dw.com/p/3y94B
Rauchwolke über Chempark Leverkusen
Фотографија: Oliver Berg/picture alliance/dpa

Во експлозијата и пожар кој избувнал веднаш по неа во складиште со цистерни во индустриско хемиски парк во градот Леверкузен во покраината Северна Рајна Вестфалија има најмалку еден загинат работник. Според информации од фирмата Курента и градот Леверкузен, четири лица се водат за исчезнати, нивната судбина е неизвесна. Освен тоа, повеќе лица се тешко повредени, точниот број варира во зависност од изворите на информации. 

Келнската полиција издаде соопштение за 31 повреден, од кои петмина се со тешки повреди и се сместени на станици за интензивна нега во болници. Фирмата Курента првично соопшти за 16 повредени, од кои еден во критична здравствена состојба а еден со тешки повреди.

Rauchwolke über Chempark Leverkusen
Фотографија: picture alliance/dpa

Според раководството на компанијата, експлозијата се случила претпладнето во складиштето за специјален хемиски отпад, каде се собираат и од каде се депонираат отпадни материјали од производството на три фирми. Се запалиле три цистерни со средства за растворање. На противпожарните екипи од фабричките комплекси и пристигнатите пожарникари од Келн и околината им биле потребни повеќе часови за гаснење на огнот. Причината за пожарот засега не е позната, зашто не постоеле услови за почеток на истрагата, која ја презеде Службата за криминалистика во полицијата од Келн.

-повеќе: 

Експлозија во хемиска компанија во Леверкузен

Поради несреќата привремено беа блокирани неколку автопатишта во околината на индустриско хемискиот парк, а поради огромниот облак од чад беше издадено предупредување за населението. Од граѓаните беше побарано да не ги напуштаат домовите и да го избегнуваат погоденото подрачје. Во почеток беше нејасно дали облакот црн чад содржи отровни материи, но попладнето е соопштено дека сите мерења не покажале присуство на отрови во воздухот.

Повеќе станици на Геолошката служба на Северна Рајна Вестфалија ја регистрирале експлозијата, изјави еден сеизмолог. Меѓу другото, потресот бил регистриран и во станица во Хеспертал, околу 40 километри северно од Леверкузен.

(*Текстот е ажуриран по објавувањето)