1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиМароко

Драматични последици од разорниот земјотрес во Мароко

СН/дв | агенции
9 септември 2023

Како што одминува денот во Мароко, сѐ повидливи стануваат размерите на катастрофата предизвикана од силниот земјотрес, кој ја погоди земјата во текот на ноќта. Црниот биланс на жртви во потресот повторно значително се зголеми.

https://p.dw.com/p/4W92J

Според последните владини податоци, најмалку 820 луѓе загинале во силниот земјотрес во југозападниот дел на Мароко. Министерството за внатрешни работи во Рабат соопшти дека има и повеќе од 670 повредени. Од нив 205 биле во животна опасност. Бројот на жртви би можел да продолжи да расте; Сè уште нема целосен преглед на ситуацијата во настраданите подрачја. Болниците во Маракеш јавија за „масовен прилив“ на повредени лица. 

Во претходното соопштение на мароканското МВР беше објавено дека над 630 луѓе загинале во земјотресот.

Луѓе, повредни во замјотресот, чекаат пред ургентен центар во Маракеш
Луѓе, повредни во замјотресот, чекаат пред ургентен центар во МаракешФотографија: Abdelhak Balhaki/REUTERS

Огромна материјална штета

Министерот за внатрешни работи Абделуафи Лафтит на брифинг со новинарите во Рабат изјави дека се верува дека многу од жртвите се во оддалечените области на планините Атлас, каде што бил епицентарот на земјотресот.

Тој додаде дека има извештаи за семејства затрупани под урнатините на нивните домови и апелираше до жителите да даруваат крв за повредените, како и да не се враќаат во своите домови, поради што повеќето луѓе ноќта ја поминаа на улица. Тој изјави и дека е огромна и материјалната штета.

Жена плаче пред урнатините на нејзината куќа во Маракеш
Жена плаче пред урнатините на нејзината куќа во МаракешФотографија: Fadel Senna/AFP/Getty Images

Прелиминарната проценка на Американскиот геолошки институт е дека земјотресот што се случи синоќа во 23.11 часот по локално време бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, а Националниот центар за научни и технички истражувања со седиште во Рабат соопшти дека земјотресот бил со јачина од седум степени според Рихтеровата скала и дека неговиот епицентар се наоѓа во провинцијата Ал Хауз, 70-тина километри југозападно од градот Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.

Пораки со сочувство од светските лидери

Изрази на сочувство и ветувања за помош, во меѓувреме пристигнуваат од целиот свет за трагедијата што рано утрината ја погоди северноафриканската земја.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази солидарност со владата и народот на Мароко во овие тешки моменти и изрази искрено сочувство до семејствата на жртвите, како и брзо закрепнување на повредените, се вели во соопштението на ОН. 

Американскиот претседател Џо Бајден во изјава за медимите порача дека е „длабоко растажен“ од природната катастрофа во Мароко. Слични изјави дадоа и бројни шефови на држави или на влади влади ширум светот, меѓу нив и германскиот канцелар Олаф Шолц. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи