1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Заврши дводецениската сага на бегалецот Драган Даравелски

ДТЗ
10 јануари 2023

Српскиот пасош му овозможи на поранешниот прв цариник Драган Даравелски веќе 20 години да ја избегнува правдата во Македонија. И покрај неколку барања за екстрадиција, тој досега не беше испорачан во земјава

https://p.dw.com/p/4LxzZ
затвор
Заврши дводецениската сага на бегалецот Драган Даравелски Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Seeger

По две децении бегство Драган Даравелски се врати дома. Полицијата денеска го приведе поранешниот директор на македонската царинска управа на граничниот премин Табановце и тој веднаш ќе биде пренесен во затвор, каде треба да издржува седумгодишна казна за проневера. 

„Денеска (10.01.2023) на ГП Табановце е приведен Д.Д. , кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа“, информираат од МВР.  

Еден од најбараните бегалци 

Драган Даравелски е еден од најбараните бегалци од земјата, кој веќе 20 години ја избегнуваше правдата. Поранешниот директор на Царинската управа во 2007 година беше осуден во отсуство на 7 години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од 1999 до 2002 година, со што се проневерени 2,5 милиони евра. Против него беа поднесени неколку кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластувања. Една од нив беше и за неуплатување на приходите од царините во буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на царината и на други институции.

На 24 март 2016 година, Даравелски беше уапсен од српската полиција во Белград, врз основа на потерница распишана во април 2013 годинa на барање на судот од Куманово. По него трагаше и Интерпол. 

Но, двојното државјанство му овозможи сите овие години да живее во Белград и успешно да ги избегне барањата за негова екстрадиција, коишто го имаше во неколку наврати во 2004, 2013 и 2016 година, а последното барање било испратено во јуни 2020 година. Државата во меѓувреме на Даравелски му заплени луксузен имот во Скопје и дуќанот во Куманово, вредни околу 200.000 евра, за кои беше донесена одлука за продажба. Освен имот на негово име, беше запленет и имот на негови соработници.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема