1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Доживотен затвор за убиството поради заштитна маска

ЕМФ | дпа
13 септември 2022

По конфликт околу заштитна маска во екот на пандемијата, муштерија уби момче вработено во бензинска пумпа, кое од него барало да стави маска. Сега убиецот е осуден на доживотен затвор.

https://p.dw.com/p/4GliD
Убиството се случи на 18 септември 2021 година
Убиството се случи на 18 септември 2021 година Фотографија: Christian Schulz/dpa/picture alliance

Убиството на момчето вработено на бензинска пумпа ја згрози Германија. Судот во Бад Кројцнах сега го осуди на доживотен затвор убиецот на момчето вработено на бензинска пумпа, кое беше застрелано по судир околу заштитна маска.

Убиството се случи на 18 септември 2021 година, во Идар-Оберштајн. Момчето вработено на бензинската пумпа не сакало да му продаде пиво на муштеријата кој немал заштитна маска. По кавгата, муштеријата отишол дома, зел оружје, за кое немал дозвола, се вратил на бензинската пумпа и го убил момчето. Убиецот го призна делото, а како доказ служат и видео снимките од местото на убиството.

Одбраната тврдеше дека убиецот во моментот на кривичното дело имал многу ограничена способност за расудување, со оглед на тоа што во време на убиството имал околу два промили алкохол во крвта. Во судскиот процес, кој траеше половина година, котужител беше и мајката на 20-годишната жртва.