1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТајланд

Десетици деца убиени во вооружен масакр во Тајланд

СН/агенции
6 октомври 2022

Во напад врз една детска градинка во Тајланд, кој со огнено и ладно оружје го извршил поранешен полицаец, убиени се над 30 лица. Меѓу загинатите има и дваесетина деца, од кои најмалите биле на двегодишна возраст.

https://p.dw.com/p/4HpMd
Местото на ужасното злосторство: Градинката во провинцијата Нонг Буа Лам Пу
Местото на ужасното злосторство: Градинката во провинцијата Нонг Буа Лам ПуФотографија: Thai PBS/AFP

Црниот биланс на масакрот во Тајланд постојано се менува. Според последните информации од полициските служби најмалку 36 лица се убиени, меѓу кои 22 деца, во вооружниот напад врз градинка во местото На Кланг на Тајланд. Напаѓачот по масакарот, во северната провинција Нонг Буа Ламф, го убил своето семејство, а потоа извршил самоубиство.

Осомничениот напаѓач е 34-годишен поранешен полицаец кој бил вооружан со пушка, пиштол и со нож. Според полициски извори цитирани во тајландските медиуми, полицискиот службеник неодамна добил отказ.

Полицијата наведе дека напаѓачот пукал и ги нападнал децата со нож, по што побегнал. Мотивот за нападот сѐ уште не е познат.

Повредените во масакрот во градинката во Тајланд беа итно пренесени во околните болници
Повредените во масакрот во градинката во Тајланд беа итно пренесени во околните болнициФотографија: Thai PBS/AFP

Полицијата соопшти оти последен пат тој е виден во Тојота пикап, со 4 врати и со регистарски таблички од Банкок.

Еден полициски службеник од повисок ранг во провиницијата Нонг Буа Ламп Пу соопшти дека меѓу жртвите има најмалку 22 деца, некои од нив и на две годишна возраст. 

„Масовното пукање се случи денеска во Центарот за развој на деца во местото На Кланг на североистокот на земјата, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот Пајрут Чан-оче. 

Припадници на специјалните единици на тајландската полиција на местото на злосторството
Припадници на специјалните единици на тајландската полиција на местото на злосторствотоФотографија: Chaiwat Subprasom/Zumapress/picture alliance

„Премиерот изрази сочувство до семејствата на жртвите и нареди итно отворање на истрага за масакрот. 

Вооружените масакри на Тајланд се реткост. Пред две години војник уби 21 лице и рани десетици во градот Нахон Рачасима.