1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КлимаЕвропа

Дебата за поплавите: „Ова се последици од климатската криза“

АРД
16 септември 2024

Со оглед на поплавите во неколку европски земји, политичари, климатски експерти и еколози бараат преземање повеќе мерки против климатските промени. Станува збор за „заштита на човештвото“, напиша лидерката на Зелените.

https://p.dw.com/p/4kfTM
Поплави во Јесеник, Чешка
Поплави во Јесеник, ЧешкаФотографија: David W Cerny/REUTERS

Политичари од Зелените, научници и еколошки иницијативи повикаа на заеднички напори за борба против климатските промени поради катастрофата со  поплавите во неколку земји во Централна и Југоисточна Европа.  „Климатската криза нè погодува сите нас. Тоа ги прави поверојатни појавите на поплави“, напиша лидерката на парламентарната група на Зелените, Катарина Дреге на Х и додаде дека само заеднички може да се справиме со неа. „Ако повеќе пати годишно имаме поплава на векот, тоа не е нормално“, напиша на платформата и претседателката на Зелените, Рикарда Ланг. „Ова се последиците од климатската криза“, заклучи таа. Затоа, заштитата на климата не е „ништо друго освен  заштита на човештвото“ за „таквите катастрофи да не станат уште почести и погубни“, посочи Ланг.

поплави во Јесеник, Чешка
Зачестени екстрмни временски појави - поплави во Јесеник, ЧешкаФотографија: David W Cerny/REUTERS

Страв од сѐ почести екстремни временски појави

Истражувачот на климата, Штефан Рамсдорф, исто така на платформата X, ја истакна поврзаноста меѓу  глобалното затоплување  предизвикано од човекот и зголемениот ризик од почести и  екстремни временски појави.  „Ова е научно докажано и постои консензус за тоа“, нагласи тој, осврнувајќи се меѓу другото на изјавите на десничарски популисти кои ги доведуваат во прашање овие наоди. „Се прашуваме уште колку климатски катастрофи ќе треба да се случат за сојузната влада да стане сериозна во врска со заштитата на климата“, пиша климатската мрежа „Петоци за иднината“ на X. „Во мисли сме со погодените лица и службите за итни случаи активни во поплавените области“,се вели понатаму во објавата на мрежата. Управниот директор на мрежата „Кампакт“, Кристоф Бауц, стравува дека во иднина ќе има уште  пострашни климатски екстреми поради зголеменото затоплување. „Само многу консеквентна климатска политика може да го спречи ова“, предупреди тој на X.

Поплави Австрија
Австрија, Чешка, Полска и Романија во изминатите неколку дена јавија за драматични состојби со поплавитеФотографија: Helmut Fohringer/APA/dpa/picture alliance

„Најголемиот проблем на нашето време“

„Климатските промени се убедливо најголемиот проблем на нашето време“, истакнува правниот филозоф Кристоф Молерс за „Штутгартер цајтунг“ и „Штутгартер нахрихтен“. Ќе бидат потребни „најголеми колективни напори за да ги решиме огромните проблеми што ни претстојат“, нагласува тој, особено затоа што многу од нашето однесување во денешно време е потенцијално штетно за климата. Австрија, Чешка, Полска и  Романија во изминатите неколку дена  јавија за драматични состојби со поплавите. Најмалку осум лица загинаа во поплавите до неделата. Четири лица во Чешка се водат како исчезнати. Илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани од погодените региони. Стотици илјади останаа без струја, патиштата и железничките линии мораа да бидат затворени. Во Германија ситуацијата сепак е уште релативно опуштена.