1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

Шведска во НАТО: согласноста на Ердоган има своја цена

Карин Сенц | АРД
15 јуни 2023

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ја стави под прашање согласноста за членството на Шведска во НАТО. Ердоган очигледно сака да „искамчи” добивка за Турција, вклучително и американски воени авиони.

https://p.dw.com/p/4SaZB
Реџеп Таип Ердоган  Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган никако не попушта околу прием на Шведска во НАТОФотографија: Aytac Unal/AA/picture alliance

Пораката не можеше да биде појасна. Во Анкара новиот надворешнополитички советник на Ердоган, Акиф Чатагај Килич, на состанок со делегации од Брисел, Хелсинки и Стокхолм преговара за членството на Шведска. Сепак најважните поенти ги пренесе Ердоган - уште од авион на враќање од Азербејџан.

Турската новинска агенција Анадолу го цитира: „Каде е столбот на НАТО во борбата против тероризмот? НАТО тоа мора еднаш засекогаш да го разјасни. Ако не успееме во тоа, во Вилниус нема да може да кажеме дека сѐ е како што треба”. 

Зачудува анти-шведскиот став

За околу еден месец во Вилниус, Литванија, се одржува следниот самит на НАТО и очекувањата беа дека тогаш и Шведска ќе може да стане дел од Алијансата. Многумина сметаа дека Турција и Унгарија нема и натаму да блокираат, меѓу нив и директорката на Институтот за европска политика, Фунда Текин. 

„И мене лично ме чуди што толку упорно си стои на анти-шведската позиција, ако може така да ја наречам. Мислам дека нештата беа поставени така што тука можеше веќе да попушти”, вели Текин. Таа во контекстот ги наведува внатрешнополитичките фактори како тоа дека Ердоган победи на изборите во мај, па сега може значително поопуштено да владее, како и тоа дека „национално-политичкиот аргумент” дека со ставот спрема Шведска покажува сила, сега веќе губи на значење. „Тоа значи дека веќе би требало да го напушти модусот на предизборна кампања."

Посетата на Столтенберг залудна

Но, Ердоган е далеку од тоа, како што покажа ипрвото постизборно обраќање од балконот.Тој останува на напаѓачки курс, а ниту посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не менува ништо во тој поглед. Замислена да биде силна порака од Столтенберг и НАТО, Ердоган ја анулираше со актуелната изјава. „Ние му рековме дека ако сака да ги исполниме неговите очекувања, прво Шведска ќе мора да преземе мерки против активностите на таа терористичка организација”, рече Ердоган. Во исто време кога Столтенберг ветувал оти тоа ќе се случи, според Ердоган терористи демонстрирале на улиците во Шведска. 

Јенс Столтенберг Реџеп Таип Ердоган
Посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг не помогна за „омекнување“ на Ердоган околу приемот на Шведска во НАТОФотографија: Turkish Presidency/APA/ZUMAPRESS/picture alliance

Експерти гледаат отстапки

Ердоган пред сѐ ги пикира членовите на Курдската работничка партија ПКК. Во Шведска на почетокот на месецов на сила стапи нов Закон за антитероризам. 

„Законот за шведски околности навистина е широк и може да се каже дека тоа се отстапки направени за Ердоган”, оценува Текин. Шведските судови имаат отпочнато постапки за протерување. 

Анкара веќе подолго време во Финска и Шведска има доставено листа со 130 имиња, кај кои според информации на турските медиуми се работи за наводни терористи кои сакаат да им бидат испорачани. 

Игра ли Ердоган на картата на Ф16-авиони?

Брисел се надеваше дека со таквите мерки ќе ги исполни турските барања од самитот во Мадрид пред една година. Но, сето тоа се чини дека не е доволно за Ердоган. Членството на Шведска во НАТО има свој цена и таа очигледно е повисока. Експертот Текин зборува за борбените авиони Ф-16 од американско производство. „Веројатно игра на таа карта да ги добие и Ф-16 за да си го обезбеди комплетниот пакет”, заклучува Текин и додава дека не може да си замисли оти навистина пречката е кој во Шведска демонстрира, а кој не. 

Американскиот претседател Џо Бајден му честиташе на Ердоган за изборната победа и очигледно членството на НАТО, наспроти вообичаениот наратив, го поврза со авионите од типот Ф-16. Американскиот Конгрес се противи на испорака на авионите за Турција затоа што Анкара набави руски антиракетен систем. 

Имиџ на комплициран партнер

„Сега всушност се отвора можност за Ердоган да ги разбие грижите во однос на Турција како многу тежок партнер во НАТО и да покаже дека излегува во пресрет и прашањето за Шведска да го оцени попозитивно”, вели Текин. 

Ердоган очигледно сака да ги види авионите во хангар пред да каже „да” за членството на Шведска бо НАТО. Со тоа и надежите на ЕУ и на Западот за подобри релации засега паѓаат во вода. Турскиот претседател очигледно и натаму ќе го негува имиџот на комплициран партнер. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи