1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Честит 11 Октомври - Денот на народното востание!

11 октомври 2024

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври и 83 години од почетокот на антифашистичката борба.

https://p.dw.com/p/4lesN
Одбележување на 11 Октомври, Северна Македонија
Одбележување на 11 Октомври, Денот на народното востание, Северна Македонија Фотографија: Government of North Macedonia

Претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во  Музејот на македонската борба за самостојност. 

На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во 110-илјадна армија. Повеќевековните идеали за основање македонска држава се оживотворени со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.