1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОЈО: Доказите и исказите за смртта на Вања се поклопуваат

ДТЗ
12 декември 2023

Јавниот обвинител, Гаврил Бубевски, вели дека „материјалните докази коишто се испитуваат зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

https://p.dw.com/p/4a51Y
Гаврил Бубевски
„Материјалните докази зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените“, вели Гаврил БубевскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Доказите прибавени во досегашната истрага за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес се совпаѓаат со сведочењата на осомничените коишто се во притвор. Шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, вели дека „материјалните докази коишто се испитуваат зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“. 

„Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал, конечно ќе се произнесеме со обвинение. Во однос на истрагата, се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените“, изјави обвинителот.

Со досегашната истрага се опфатени шестмина, од кои првоосомничен е Љупчо Палевски - Палчо, кој е во притвор во Турција и се чека негова екстрадиција во земјата. Турските власти информираа дека тој ќе остане40 дена во екстрадициски притвор. Сомнежите се дека тој извршил „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, во што му помогнале и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, како и возачот кој го пренел Палевски од Србија во Турција. 

Ретроспектива на настаните 

Бубевски вели дека се анализираат материјалните докази и се правицелосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.Петнаесетина дена по обелоденувањето, случајот се уште ја вознемирува јавноста. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември. Парите се наведуваат како мотив за двојното убиство. 

Во јавноста се појавуваат бројни информации за случајот коишто не се официјално потврдени. МВР во повеќе наврати апелираше да не се шират дезинформации коишто би можеле да и наштетат на истрагата.