1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЈапонија

Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија се зголемува

ЕМФ | агенции
3 јануари 2024

Два дена по тешкиот земјотрес во Јапонија, бројот на загинати се искачи на 62. Најмалку 300 луѓе се повредени, од кои 20 тешко.

https://p.dw.com/p/4apJV
Јапонија Ваџима земјотрес
По земјотресот: Ваџима, Јапонија (3.01.2024)Фотографија: Kyodo News/AP Photo/picture alliance

Регионалните власти во јапонската префектура Ишикава соопштија дека во земјотресот загинале најмалку 62 лица, а повредени се над 300 луѓе. Во сместувалишта за итни случаи се сместени 31.800 лица. Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани во услови на голем дожд, поради што потрагата е отежната.

Јапонија Ваџима земјотрес
Пожарникар ги проценува штетите по земјотресот во Ваџима, ЈапонијаФотографија: Kyodo News/AP/picture alliance

Според наводи на властите, денеска (3.01) поради дождовите се очекуваат и можни одрони во префектурата Ишикава. Јапонската метеоролошка агенција JMA предупреди од можни одрони сѐ до вечерните часови. Освен тоа, и натаму има последователни потреси на земјата.

Јапонија Сузу земјотрес
Уништување по земјотресот во Сузу, ЈапонијаФотографија: Kyodo News/AP/dpa/picture alliance

Стотици куќи на полуостровот Ното, во префектурата Ишикава, се урнаа или беа оштетени како резултат на потресите. Сателитските снимки покажуваат огромни штети, особено во крајбрежните градови Ваџима и Сузу. Улиците се непроодни, а голем пожар уништи еден историски пазар во Сузу.

Јапонија Ваџима земјотрес
Уништен пазар во Ваџима, Јапонија (3.01.2024)Фотографија: The Yomiuri Shimbun via AP Images/picture alliance

Според Масухиро Изумија, градоначалник на Сузу, „околу 90 отсто од куќите во градот се целосно или речиси целосно уништени“. Ситуацијата е „навистина катастрофална“, рече Изумија за телевизијата ТБС.

Спасувачи трагаат по преживеани во Ваџима, Јапонија
Спасувачи трагаат по преживеани во Ваџима, ЈапонијаФотографија: Kyodo News/AP/picture alliance

Речиси 34.000 домови во префектурата Ишикава и натаму се без струја, соопштија локалните комунални претпријатија. Во неколку градови жителите немаат вода во своите домови.

Јапонија земјотрес струја
Речиси 34.000 домови во префектурата Ишикава и натаму се без струјаФотографија: Kazuhiro Nogi/AFP

Премиерот Фумио Кишида по состанокот на кризниот тим формиран по земјотресот денеска зборуваше за „трка со времето“. Бројот на спасувачи дополнително ќе се зголемува, а целта е „да се направи максимум за да се спасат животи“.