1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борел: Разговорите меѓу Србија и Косово во „ќорсокак“

СН/агенции
27 октомври 2023

И покрај новите обиди за посредување на ЕУ, сè уште нема приближување меѓу Србија и Косово. Разговорите за нормализација на односите се во „ќорсокак“, истакна првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел. .

https://p.dw.com/p/4Y5R5
Српскиот претседател Александар Вучиќ на средба со претставниците на ЕУ во Брисел, 26 октомври, 2023
Српскиот претседател Александар Вучиќ на средба со претставниците на ЕУ во Брисел, 26 октомври, 2023Фотографија: EU/Claudio Centonze

„Изнесовме европски, сериозен и избалансиран предлог“ за формирање на Заедници на општини со српско мнозинство (ЗСО) во северно Косово и инсистиравме да ја искористат оваа можност, што би било големо подобрување во процесот на нормализација и да се избегнат инциденти“, изјави високиот претставник на ЕУ за надв0решна политика и безбедност, Жозеп Борел по разговорите во Брисел. 

„За жал, договорот не беше можен поради предусловите кои ги постави секоја страна, а кои беа неприфатливи за другата страна“, објасни високиот претставник на ЕУ, но не прецизираше за каков предлог станува збор.

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека Косово сакало да го потпише договорот во Брисел, но дека претседателот на Србија го одбил тоа.

Александар Вучиќ по средбата изјави дека Србија е подготвена за формирање на ЗСО согласно со предлозите кои ги добила, но дека не може да прифати членство на Косово во Обединетите нации и признавање на независност.

Поради неодмнашните безбедносни инциденти на Косово не бил можен директен разговор меѓу Курти и Вучиќ. Наместо тоа, на маргините на самитот на ЕУ во Брисел, тие одделно разговараа со посредниците на Унијата. Покрај Борел, на тие разговори учествуваа и германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак, како и францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема