1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бездомни кучиња имаат подобар живот надвор од Македонија

Ана Арсеновска-Зафирова
24 февруари 2024

Волонтерите од „Шепастите ентузијасти“ до сега спасиле 600 бездомни кучиња од улиците на Скопје, а 450 веќе имаат дом и живеат нов живот надвор од земјата. Кучињата од улица ги згрижуваат во прифатен центар, направен од лични средства, на кредит, и донации на граѓани за храна и одржување

https://p.dw.com/p/4cpSu

"Бездомните кучиња од Македонија имаат подобар живот кога се вдомени надвор од нашите граници, дури некои од нив живеат подобар живот и од нас“, вели Наталија Малзаркова, од организацијата „Шепастите ентузијасти“ која пет години згрижува бездомни кучиња од Скопје. До сега спасиле 600 од улиците на градот, а 450 веќе имаат дом и живеат нов живот надвор од Македонија. 

„Бездомните кучиња од Скопје, ги вдомуваме надвор од нашите граници. Имаме вдомено во Шкотска, Англија, Ирска, Франција, Белгија, Италија, а дури и во Америка имаме вдомено едно куче.

Имаме три прекрасни девојки кои ни помагаат од Шкотска и кои го организираат и го прават тој процес да биде реалност, да можат сите тие кучиња да најдат дом, да им бараат дом на сите тие кучиња што ние ги спасуваме“, вели Наталија.