1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бабиш ослободен од обвиненијата за измама

ЕМФ | агенции
9 јануари 2023

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш е ослободен од обвиненијата за пружање помош при измама со европски субвенции. Пресудата доаѓа непосредно пред изборите на кои Бабиш има добри шанси.

https://p.dw.com/p/4LuJi
Андреј Бабиш има добри шанси на претседателските избори во Чешка
Андреј Бабиш има добри шанси на претседателските избори во ЧешкаФотографија: Katerina Sulova/CTK/dpa/picture alliance

На само неколку дена пред претседателските избори во Чешка, судот во Прага го ослободи од обвиненијата за пружање помош при измама поранешниот премиер Андреј Бабиш. Обвинителството бараше условна затворска казна од три години замилијардерот Бабиш, кој е основач на популистичката партија АНО.

Обвинителството може да поднесе жалба на пресудата. Бабиш беше обвинет за прибавување на два милиона евра европски субвенциски средства наменети за мали и средни претпријатија со кои, како што се тврдеше, била финансирана изградбата на велнес-ресортот „Штрково гнездо“кој Бабиш им го препишал на своите деца и други роднини. Поради наводни малверзации во текот на изградбата на центарот, полицијата водеше истрага против Бабиш од 2017. година. Тој истрагата ја нарекуваше „политички мотивирана“. Во првата реакција по пресудата, Бабиш денеска го пофали „независниот судски систем“ на земјата. Судот сега „го потврди она што постојано го велев“, напиша Бабиш на Твитер.

Андреј Бабиш има добри шанси на претседателските избори во Чешка кои се одржуваат кон крајот на неделава. Според истражуивањето на Си-Ен-Ен Прима Њус, тој би можел да освои 27,9% од гласовите. Тоа значи дека не би имал апсолутно мнозинство гласови, но во втор круг би влегол со најдобар резултат. Според анкетите, зад Бабиш е поранешниот генерал Петр Павел со 26,7% од гласовите и професорката по економија Дануше Нерудова со 24,4%.

Инаку, Андреј Бабиш и натаму е соочен со обвинувања дека во 1980-тите соработувал со комунистичката тајна полиција. Тој го отфрла и ова обвинение.