1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаАвстрија

Австрија: Пропадна обидот за формирање владина коалиција

СН/агенции
3 јануари 2025

Од средината на ноември трите партии, ОВП, СПО и Неос преговараа за формирање на заедничка влада. Таква коалиција би била премиерна во Австрија.

https://p.dw.com/p/4onX3
лидерката на партијата Неос, Беате Мајнл-Рајзингер објави крај на коалициските преговори во Виена
Лидерката на партијата Неос, Беате Мајнл-Рајзингер објави крај на коалициските преговори во ВиенаФотографија: Max Slovencik/APA/dpa/picture alliance

Обидот да се формира трипартиска владина коалиција во Австрија не успеа.  Преговорите за формирање коалиција беа прекинати денеска откако најмалиот меѓу потенцијалните коалициски партнери се откажа од натамошното учество во нив.

Преговорите траеја од средината на ноември, кога австрискиот претседател му ја довери задачата на конзервативниот канцелар Карл Нехамер да состави нова влада. Одлуката дојде откако сите други партии одбија да соработуваат со лидерот на екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО), која победи на националните избори за првпат во септември.
Нехамер се обидуваше да формира коалиција на неговата Австриска народна партија (ОВП) со социјалдемократите (СПО) и со либералната партија Неос.
Партијата на Нехамер и социјалдемократите претходно заедно управуваа со Австрија, но сега имаат само минимално мнозинство во парламентот, со вкупно 92 од 183 места. Ова се сметаше за недоволно стабилно, па се обидоа во коалицијата да ја вклучат партијата Неос.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер
Австрискиот канцелар Карл НехамерФотографија: Sean Gallup/Getty Images

Сепак, лидерката на партијата Неос, Беате Мајнл-Рајзингер, рече дека ги информирала Нехамер, лидерот на социјалдемократите Андреас Бабл и претседателот Александар ван дер Белен во петокот наутро дека нејзината партија „нема да ги продолжи“ разговорите за влез во нова влада.
Таа изјави дека не е можно да се постигне напредок или договор за „основните реформи“. Нејасно е што ќе се случи натаму на политичката сцена во Австрија со оглед дека евентуиална влада на демохристијаните и социјалдемократите би имала парламентарно мнозинство од еден глас. Сосема веројатно, според експертите е сценариото за нови избори.