1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Студен фронт „опасен по живот“

Тагесшау (АРД) | СН
23 декември 2022

Студениот фронт со температури под минус 40 Целзиусови степени предизвика хаос во САД. Метеоролозите предупредија дека луѓето не треба да ги напуштаат своите домови. Три лица ги загубија животите на заледените коловози.

https://p.dw.com/p/4LMzR
На источните делови на САД им се заканува зимско невреме кое се случува „еднаш во генерација“
На источните делови на САД им се заканува зимско невреме кое се случува „еднаш во генерација“Фотографија: Dan Powers/USA TODAY Network/IMAGO

Американската метеоролошка служба однапред предупреди на „рекорднo студени и опасни по живот налети на ветер“. Арктички студен фронт со температури под минус 40 Целзиусови степени зафати големи делови од САД.

Во американската сојузна држава Канзас три лица загинаа во сообраќајни несреќи како последица од зимското невреме. Причина за тоа се снегот и замрзнатите патишта, соопшти полицијата, според извештајот на весникот „УСА Тудеј“. Со оглед на ниските температури, состојбата на патиштата на многу места сѐ уште е многу лоша. Огромен број луѓе не можат да тргнат на своите патувања планирани за Божиќ.

Бајден: „Ова е навистина сериозно“

Американските медиуми, повикувајќи се на метеоролошките експерти, предупредија на можна појава на специјална и силна бура, таканаречена „циклонска бомба“. Околу минус 45 Целзиусови степени веќе се измерени во сојузните држави Монтана, Јужна Дакота и во Вајоминг. „Ова не е како снежен ден од детството, ова е навистина сериозно“, предупреди претседателот Џо Бајден.

Три лица досега ги загубија животите на замрзнатите патишта во САД
Три лица досега ги загубија животите на замрзнатите патишта во САДФотографија: John Hart/Wisconsin State Journal/AP/dpa/picture alliance

Во сојузната држава Њујорк е предвидено невреме како што се случува „само еднаш во генерација“. Според медиумите, за денеска и за утре се откажани илјадници летови. Аеродромите во Чикаго и во Детроит се меѓу најважните траспортни центри во земјата, а и таму се очекуваат силни снежни бури.

Се заканува смрзнување за само неколку минути

Силни ветришта, дожд и мраз би можеле да влијаат и на автопатите и аеродромите во метрополите на источниот брег Вашингтон, Филаделфија, Њујорк и Бостон. Метеоролозите предупредија дека луѓето не треба да ги напуштаат своите домови. Секој што излегува надвор ризикува да смрзнување за неколку минути. За подолг престој постои дури и ризик од смрт. Има некаков вид метеоролошки предупредување за околу 180 милиони луѓе. Посебно се погодени северниот и средниот запад на земјата - но и југот на САД. Предупредување за екстремен мраз е издадено за сојузните држави Луизијана, делови од Мисисипи, Алабама и Тексас. Во некои делови од земјата се очекуваат температури „опасни по живот“ со силен ветер.