1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел им ја посвети наградата на помагачите на бегалците

ЕМФ / дв
11 октомври 2022

Поранешната германската канцеларка Ангела Меркел ја доби реномираната награда Нансен на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и им ја посвети на сите оние кои им помагаат на бегалците во Германија.

https://p.dw.com/p/4I1I4
Ангела Меркел со наградата „Нансен“
Ангела Меркел со наградата „Нансен“Фотографија: Stefan Wermuth/ASSOCIATED PRESS/picture alliance

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) ѝ ја доделува наградата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел за нејзината улога во врвот на сириската бегалска криза во 2015 и 2016 година. Меркел во својот говор се заблагодари со цитат од германскиот автор Ерих Кестнер: „Нема ништо добро, освен ако не го направите.“

Поранешната канцеларка потенцираше дека во времето на бегалската криза пред седум години многу луѓе помагале за совладување на предизвиците: „Затоа, според мене, оваа награда им припаѓа пред сѐ на безброј луѓе кои тогаш се фатија за работа, ним треба да сме им благодарни за излегување на крај со ситуацијата, за тоа што успеавме.“

Наградата од 150.000 долари Меркел ќе им ја подари на четири регионални носители, кои беа наградени истовремено, меѓу кои и лекарка во Ирак и жена која над 50 години им помага на бегалците во Костарика. Зборовите на Меркел изговорени во екот на бегалската криза. „Ќе успееме“ станаа крилатица која често на германски ја повторува и шефот на УНХЦР, Филипо Гранди.

„Наградата е признание за поранешната канцеларка, затоа што таа беше на власт и конечно таа ги носеше одлуките. Но, тоа е и признание за она што го стори цела Германија со приемот на повеќе од еден милион бегалци“, изјави Гранди.

Наградата Нансен е највисоко признание на УНХЦР и се доделува на луѓе кои особено се ангажираат за бегалците.