1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

48,8 степени на Сицилија - нов топлотен рекорд во Европа?

ЖА
12 август 2021

Безмилосната жештина и безбројните шумски пожари им го отежнуваат и натаму животот на луѓето во медитеранските земји. Топлотниот бран „Луцифер“ донесе и веројатно нов температурен рекорд во Италија и во Европа.

https://p.dw.com/p/3ys7j
Italien Messina | Hitzerekord in Sizilien
Фотографија: Giovanni Isolino/AFP/Getty Images

На Сицилија вчера, според наводите на локалните власти, со измерената температура од 48,8 степени Целзиусови е поставен нов топлотен рекорд во Италија, но и во цела Европа. За да биде официјален рекорд, искачувањето на живата во термометорот во близината на Сиракос мора да биде потврдено и од Италијанската метеоролошка служба. Досегашниот италијански рекорд од 48,5 степени исто така беше измерен на Сицилија, додека европскиот рекорд од 48 степени беше поставен во Грција во 1977 година.

-повеќе: 

Грција, Турција, Италија– пожари и топлотен бран од историски размери 

Југоисточна Европа соочена со еден од најтешките топлотни бранови во последните децении

Топлотниот бран „Луцифер“ кој ја зафати Европа, во идните денови ќе продолжи да ја мачи и Италија, придвижувајќи се кон нејзиниот централен дел, на викенд ќе ги достигне Тоскана и регионот Латиум, каде се очекуваат температури од преку 40 степени. Тоа се лоши вести за пожарникарите во Калабрија и на Сицилија, каде и натаму беснеат шумски пожари. 

Уште едно скопско изгор лето