Култура
2016 - година на загуби на познати личности
26 декември 2016Реклама
Како музичкиот свет годинава да не претрпе доволно загуби! Кратко пред крајот на годинава неочекувано почина и Џорџ Мајкл. Оваа година голем број уметници засекогаш заминаа од бината. Да потсетиме само на некои од нив: Дејвид Боуви, еден од најзначајните рок-музичари на минатиот век; Принц, кој компонираше, свиреше бројни инструменти, беше шоу-гениј и исклучително успешен продуцент; Леонард Коен со неговиот впечатлив баритон и поетската лирика кои раскажуваа приказни за љубов, омраза, смрт, војна и мир....