2006-та - Година на Моцарт
5 јануари 2006Оној кој во Германија или Австрија ги простудирал концертните програми за 2006-та година , несомнено ќе забележел дека името на Волфганг Амадеус Моцарт се споменува многу често .
Има една специјална причина за тоа?
На 27 јануари 2006-та година ќе биде прославен по 250 пат роденденот на големиот композитор . Во неговат чест Германија и Австрија ја прогласија 2006-та година за година на Волфганг Амадеус Моцарт .
Музичкиот Суперкинд Моцарт е роден во Салцбург токму на 27 јануари 1756 година . И покрај неговиот успех , композиторот почина на 5 декември 1791 година во голема сиромаштија . Веднаш по неговата смрт , започнаа да го слават како еден од најголемите музички генијалци на сите времиња . Доколку Моцарт во тоа време ги добиваше тантиемите на сите продукти на денешната индустрија кои се користат со неговите , име , лик и дело , тој ќе беше екстремно богат човек.
Популарните Моцарт кугли , оние со марципан наполнети чоколадни бомбони се само наједносставната варијанта – вели генералниот директор на манифестацијата Година на Моцарт во Виена Петер Марбое.
„Добиваме песни во кои на пример луѓето ни велат, Знам каде почива Моцарт и доколку од вас добијам неколку стотици илјади евра , ќе ви покажам каде е тоа па се до понуди за најневеројатни производи а истотака и понуди за најразлични проекти за Моцарт“
Инаку постојат крими романи за Моцарт , звучни игри , нови биографии , романи и научни публиканции со нови сознанија за творештвото на Моцарт.
2006-та година значи ќе биде возбудлива година за љубителите на класичната музика во Германија и Австрија. Бидејќи во фокусот е дефинитивно еден од најголемите композитори на сите времиња.
Моцарт во својата временски куса творечка фаза компонирал преку 600 дела . Еден разновиден репертоар на симфонии , концерти , сонати , опери како световни и духовни песни
Делата на Моцарт денес се неизоставен дел во светската музичка литература.