200 бегалци се удавија пред суданскиот брег
6 јули 2011Реклама
Речиси 200 бегалци од Источна Африка се удавија пред брегот на Судан во Црвеното Море, откако нивниот брод најпрво се запалил, а потоа потонал. Бродот со илегални емигранти пловел од Судан кон Саудиска Арабија. Суданските власти информираа дека само три лица биле спасени во несреќата.
„197 лица се удавија во Црвеното Море, во суданските територијални води, по избувнувањето на пожар на бродот. Емигрантите се обиделе илегално да влезат во Саудиска Арабија“, се наведува во кусата информација на суданската државна агенција.
Автор: АТ/макфакс/дв
Редактор: Горан Чутаноски