14 деца во Кина повредени во напад со нож
26 октомври 2018Една вооружена жена со нож денеска избоде 14 деца во градинка на југозападот на Кина, соопштија властите во Чонгкинг и додадоа дека сите повредени се префрлени во болница.
Жената, на 39-годишна возраст чие име не е соопштено, користела кујнски нож за да ги повреди децата кои се враќале во училницата по утринската вежба во дворот на градинката.
Полицијата ја уапсила жената откако чуварите и персоналот во градинката ја совладале напаѓачката. Полицијата соопшти дека истрагата на злосторството е започната. Во изјавата не се наведуваат можните мотиви за нападот.
Насилните злосторства во Кина се ретки во споредба со многу други земји, особено во големите градови, каде што безбедноста е силна, меѓутоа во изминатите години се случија серија напади со нож и со секира, а многу жртви од нив беа деца.
За таквите напади често се виновни лица со психички проблеми.
Напаѓачите најчесто користат ножеви бидејќи контролата на оружје во Кина е исклучително строга.
Во септември во Кина беше погубен еден маж осуден за убиства на девет и ранување на 11 ученика во напад со нож во средно училиште во средишната покраина Шанхи.