100 долари за барел нафта
3 јануари 2008Реклама
Новата година не започна добро за американските берзи . На првиот работен ден во 2008-ма ,поради новата рекордна цена на нафтата и изненадувачки слабите перформанси на домашната економија , тие забележаа значителен пад. Експертите веќе изразија стравување дека ова ни од далеку не е највисоката цена што ќе ја достигне црното злато на финасиските пазари и предупредија од тешки последици за светката економија Но заштитниците на животната средина од другастрана во високите цени на нафтата гледаат шанса за глобална промена во мислењето во енергетската политика :
„Тоа не принудува да размислуваме за искористувањето на енергијата. Тоа ќе не охрабри да користиме помалку енергија и да постигнеме поголема енергетска ефикасност. А и мора така да биде поради промените во климата- порачува Роџер Хигман од невладината организација„Пријатели на земјата“ .
Марк Николс издавачот на британскиот часопи „ Енајарментл Фајнанс“ меѓутоа не гледа така на тоа:
„Сметам дека последниве години покажаа дека потрошувачите се изненадувачки прилагодливи кога станува збор за плаќањето на повисоки цени за енергија. На маргините тоа сигурно ќе не охрабри да возиме помали автомобили , можеби и да патуваме поретко , но мислам дека високите цени на нафтата прилично мало влијание врз нашите одлуки“
Реклама