Њујорк бара 40.000 топли станови за жртвите од ураганот
5 ноември 2012Градоначалникот на Њујорк Мајл Блумберг ги повика постарите луѓе кои немаат греење да се сместат во прифатните центри. Во Њујорк, неговите предградија и Лонг Ајленд и шест дена по супер-бурата „Сенди“ се‘ уште без струја се околу 700.000 домаќинства и фирми. Блумберг проценува дека поради ураганот околу 40.000 станови во градот не се за живеење.
Министерката за национална безбедност Џенет Наполитано изјави дека властите сега се во потрага по станови и хотелски соби за луѓето не кои им е потребна помош. Тешката состојба се заострува дополнително поради недостиг на бензин и дизел. На бензинските пумпи има долги редици луѓе кои чекаат на нафта за греење. На многу места, возачите на автомобили можат да добијат бензин за максимум 30 долари по резервоар.
ЕМФ/дв