Љубе Бошкоски од „Идризово“ се враќа во „Шутка“?
25 јули 2012Меѓу притворените за двојното убиство е и шефот на обезбедувањето на поранешниот министер за внатрешни работи, Зоран Трајковски. Истражниот судија им одредил притвор и на петтемина осомничени кои се во бегство, меѓу кои и Србите кои се осомничени дека се директни извршители на убиството.
„Против тројца обвинети Јавниот обвинител не поднесе предлог за определување на мерка притвор, а против останатите обвинети по нивното сослушување и дадениот исказ пред истражен судија, Јавниот обвинител го повлече предлогот за определување мерка притвор“, се соопштува од Судот.
Српските државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ се осомничени дека се директни извршители на двократното убиство, но сега се во бегство.
Бошкоски кој беше министер во 2001 година, кога се случи убиството, неговиот шеф на обезбедувањето Зоран Трајковски, Сашо Јовановски викан Тупан, вработен во секторот за набљудување и следење при МВР и други полициски функционери се осомничени дека знаеле за убиството и го помагале. Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година, кога излегувале од кафулето „ЗУ" во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми бил убиен Маријан Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега.