Јунг во Индија
4 јуни 2007Реклама
Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг изјави дека азиските земји изразиле подготвеност за посилно учество во обновата на Авганистан. На конференцијата за безбедност во Сингапур, Јунг нагласи дека Јапонија, Јужна Кореа и владата во Сингапур веќе подготвиле конкретни проекти за помош. Јунг денеска патува за Њу Делхи на разговори со претставници на индиската влада.