1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг во Авганистан

18 јули 2006

Гермаснкиот минисер за одбрана Франц Јосеф Јунг денеска и утре е во посета на единиците на Бундесверот стационирани во Северен Авганистан. Безбедносната ситуација во земјата во последните месеци е влошена.

https://p.dw.com/p/AdVO
Од поранешна посета на Јунг на Авганистан
Од поранешна посета на Јунг на АвганистанФотографија: AP

До пред една, две години, патролирањето во Авганистан беше реаливно сигурна работа. Но во меѓувреме безбедносната состојба на сверот на Авганистан значително се влоши. При напади врз патроли изминатите недели беа повредени пет германски војници. Сосотојбата не е мирна нитустабилна вели генерал Маркус Кнајп. Кнајп е регионален командат за северот на меѓународните ИСАФ трупи и командант на германскиот контингент во Авганистан со седиште во Масар и Шариф „Опасносните не доаѓаат од мнозинството на населението, туку од малцинство кое се губи: терористи и криминални елементи кои постојано го загрозуваат големиот бран напредок кој го имаме. Не смееме претерано да реагираме, но мора да се заштитиме и да работиме во правец на помирување.“

По последните напади Бундеверот уште еднаш ги засили безбедносните мерки пред се’ за патролите. Седиштето на Бундеверот во Масар и Шариф важи за безбедно. Но 100 процентна безбедност нема, тоа го знае и Бундеверот. Покрај командантите на милициите и трговците со дрога во северен Авганситан засилено е и дејствувањето на Талибанците. Единиците на ИСАФ во целата земја се почесто се цел на напади. Ова не е случајно смета министерот за одбрана на Авганистан Рахим Вардак „Не сакам да зборувам за воскреснување на Талибанците. Тие се обидуваат да влијаат врз јавното мислење во некои европски главни градови. Но на крајот ние ќе победиме и ќе ја задржиме превласта.“

Во јуни Бундеверот ја презема командата на сверот на Авганистан. На крајот на јули Британците, Канаѓаните и Холанѓаните треба да ја заменат американската анти терористичка коалиција на Југот на Авганистан, каде од мај животот го загубија повеќе од 1000 лица. Портпаролот на ИСАФ Лук Книтинг „Не сме наивни и знаеме дека ја прошируваме мисијата во најтешкиот регион во земјата. Ќе сториме се’ за да ја гарантираме безбедноста во земјата.“

Во споредба со нестабилниот југ на земјата седиштатето на Бундесверот во Кабул и на северот на Авганистан се значително побезбедни. Од 2001 година досега во Авганистан животот го загубија повеќе од 400 странски војници, меѓу нив 18 војници на Буднесверот.