1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јунг воодушевен од германските војници на Косово

6 мај 2007

Од 1999 година Косово е под управа на ОН, и за безбедноста на граѓаните во покраината се грижат силите на КФОР. Германија со околу 2.300 војници има најголем контингент. Војниците деновиве ги посети министерот за одбрана на Германија Франц Јосеф Јунг.

https://p.dw.com/p/AdfD
Јунг со војнциите во Призрен
Јунг со војнциите во ПризренФотографија: AP

Хилихоптерот на кој се наоѓа министерот за одбрана Јунг, слетува на едно невообичаено место, мало плато и урнатини во околината. Оттука Франц Јосеф Јунг има добар видик. Местото е иделано и за војниците на меѓународните заштинтни трупи. Во долината, под брдото лежи Призрен. Воениот одбор за пречек заедно со министерот пеш се спуштија во градот. Таму веќе чекаат дузина косовски Албанци, меѓу нив и многу новинари.

Ги слушаат зборовите на гостинот од Германија, кој внимателно им го вели она што сакаат да го чујат: дека се залага за широка независност на српската покраина. „Заеднички се изјаснивме, како Европската унија така и НАТО, дека го поддржуваме планот на Ахтисари. Ова уште еднаш го стори и генералниот секретар на ОН. Јас се надевам и посакувам, преговорите така да напредуват, за наскоро да се најде решение на прашањето во рамките на ОН.“

Ситуацијата е мирна но не е стабилна

Опкружен од обезбедувањето и љубопитните Косовари, Јунг оди низ тесните улички на Призрен. Во кафулињата седат пред се’ млади мажи и жени. Војниците на КФОР, кои минуваат четири месеци во покраината ги знаат опасностите на нивниот чувствителен налог: да ја демонтираат напнатоста меѓу албанскотот мнозинство и српското малцинство. „Ситуацијата овдека е мирна , но не е стабилна.“

Луѓето во Призрен им веруваат на војнците на КФОР

Вооружените мажи во нивните зелено – сиви униформи овдека се познати. Луѓето во Призрен имаат доверба во војниците кои имаат набљудувачка задача во градот. Повеќето од мажите доаѓаат од Баварија, а во кампот пренеле и дел од татковината: маси за пиво, дрвени клупи, минијатура од планините, и натпис на град кој виси на едниот зид.

И бригадниот генерал Ерих Пфефер доаѓа од јужна Германија, тој во моментов раковди со гермаснкиот контингент на КФОР „Работата им причинува задоволство на војниците, оти гледаат дека позитивно се прифатени од населението. Пружаме напори да настапуваме како партнери, а не како окупатори. Поголем дел од населението зборува и германски и тие се во контакт со војниците. Целокупната ситуација дополнително ги мотивира.“

Војничка болница за сите

Минисерот за одбрана Јунг е воодушевен од работата на неговите војници со кои во Кампот во Призрен заеднички јадеше: лазњи, салата од краставица и земички. Потоа го продолжи патот во новата војничка болница: таму каде досега стоеја контејнери, со голема брзина се изгради модерна болница, со операциони сали, рентген апарати, компјутерска томографија. Болницата ќе им биде на располагање на сите војнци на КФОР но и на жителите на покраината.

Стратешка определба смета министерот за одбрната Јунг„Тоа е важна работа, за околината да биде уште посигурна. Имено симпатиите на народот за нашите војници се големи. А со вакви придонеси дополнително се унапредува овој аспект.“ рече Јунг

Војнциите на КФОР како пример на Косово?

Командантот на КФОР трупите на Косово во моментов исто така е Германец, генерал поручник Роланд Катер. И тој смета дека ситуацијата покраината е мирна но не е стабилна „Се разбира имавме и случувања со криминална позадина, исто и со политичка позадина. Но кога се сумира сето не се разликува многу од другите земји во светот. Разликата е во тоа, а јас не можам да пресудувам - колку е стабилна ситуацијата? Тоа ќе го докаже иднината, а тоа е и причината зошто сме присутни на Косово со 16.000 војници.“

Задничка резолуција за Косово

На крајот на посетата на трупите германскиот министер за одбрана се сретна и со претседателот на Косово Фатмир Сејдиу, премиерот Агим Чеку и се разбира домашните новинари повторно сакаа да знаат што сметаат Германците за независноста на покраината, и дали Германија ќе го признае Косово, ако тоа еднострано го сторат Американците без согласност на ОН „Не сакам да учествувавм во вакви шпекулаци. Ве молам за разбирање. Нашите напори се во насока да издејствуваме заедничка резолуција. И мислам дека на тоа треба да ги концентрираме сите напори.“

Дека Србија е против незавинсотата на Косово е добро познато. Русија исто така не е за тоа, а таа во Советот за безбеднсот има право на вето. Одлуката сеуште не е донесена. Луѓето на Косово и натаму мора да го чекаат решение. Но се чини дека трпението е при крај.