Јунг би дозволил соборување на киднапиран патнички авион
16 септември 2007Реклама
Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг изјави дека во итен случај и без законска основа би дозволил соборување на киднапиран патнички авион со патници и екипаж во него. За магазинот Фокус тој рече дека би дал ваква наредба, доколку не постои друго средство за заштита на населението. Тој и натаму би сакал во коалицијата да биде постигнат консензус околу уставна правна основа за вакви случаи.