1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јужна Србија и евентуалната поделба на Косово

20 август 2007

Доколку дојде до поделба на Косово на српски и албански дел тогаш Медвеѓе, Прешево и Бујановац мора да и се приклучат кон идната држава, Косово – сметаат најголем дел од политичките лидери на Албанците во јужна Србија

https://p.dw.com/p/BW9D
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Рагми Мустафа , претседател на општина Прешево , во која 95 проценти од населението се Албанци , смета дека поделбата на Косово не може да мине без поделба на Јужна Србија по етнички принцип. Мустафа смета дека припојувањето на т.н Прешевска долина , односно на општините Медвеѓе , Прешево и Бујановац кон Косово би било идеално решение за мир и стабилност на овој дел од Балканот:

“ Во таа насока , ние сметаме дека тоа ќе биде трајно решение. Во наредните илјада години не би се случувале , вооружени судири ниту конфликти и би се создале услови за влез на сите нас во Европската Унија”- вели Мустафа.

Слични ставови имаат и другите лидери на албанските партии на југот на Србија , освен Риза Халими , единствениот Албанец , пратеник во Собранието на Србија. Халими чија Партија за демократска акција е на власт во Бујановац , општина која има околу 45 проценти српско население смета дека евентуалните поделби не би можеле да се остварат без нови вооружени судири:

“ Мислам дека тоа е практично невозможно без етнички чистења , без борби , без војни...”

Слободан Драшковиќ , претседател на општина Медвеѓе со малцинско албанско население , вели дека најдобро решение за статусот на Косово би било решение постигнато преку компромис , но и оти општината со која претседава , не може да биде дел од договори и преговори:

“Присоединувањето и поистоветувањето на Медвеѓе со прешевската долина е доаѓа предвид од проста причина , што ние не припаѓаме ни на Прешево ниту на Бујановац, Не се ни граничиме со нив , ниту пак сме поврзани . Единствено сме заедно со нив бо Координативното тело за југот на Србија , преку кое добиваме определени сретства , а немаме никакви други заеднички врски ” – истакнува Драшковиќ.

Во политичката платформа , која минатата година ја потпишаа сите лидери на албанските партии од југот на Србија беше заклучено дека Прешевската долина мора да му биде приклучена на Косово доколку териториите населени со Срби во покраината се присоединат со Србија. Платформата ја потпиша и Риза Халими.