Југот на Германија под вода
Четири жртви, голем број повредени, цели населби и улици под вода. Големо невреме ја поплави јужна Германија.
Однесено со потокот
Во Браунсбах, во покраината Баден Виртемберг, по обилните дождови, два потока станаа подивени реки кои носеа сѐ пред себе. На пример, овој автомобил.
Не остана ни камен врз камен
Наносите блокираа улици во Браунсбах. Пожарникарите се обидуваа да ги расчистат купиштата земја и камења. Тоа може да се покаже и залудно, бидејќи метеоролозите најавуваат нови врнежи.
Луѓето во опасност
Три мажи се обидоа да ги спасат своите птици од кафез. Водата надоаѓаше толку брзо што и самите се најдоа во опасност. Спас побараа на покривот на куќичката за птици.
Вода насекаде
Водата ги преплави улиците во пониските предели. Оваа фотографија е направена во Ниртинген. Во тоа место дури имаше опасност и од уривање на покривот на една подземна гаража.
Се врати зимата
Одеднаш сѐ стана бело. Во Ансбах, во Баварија, земјата ја прекри мраз. Невремето го погоди целиот јужен дел на Германија.
Акција на спасувачите со трагичен крај
Во местото Швебиш-Гминд еден пожарникар се обиде да ослободи човек заглавен во подземен пешачки премин под пруга. При тој обид, водената стихија го зафати и него. И двајцата смртно страдаа.
Сѐ застана
Водената стихија толку оштети еден пат во Баден Виртемберг, што тој едноставно се распадна. Патот е затворен за сообраќај, а на надлежните единствено им остана да го одбележат ова опасно место.
Ново невреме на хоризонтот
Метеоролошката служба предвидува дека во регионот на јужна Германија, делови од Полска и Чешка привремено ќе дојде до благо разведрување. Но, над тоа подрачје во текот на наредните денови ќе се формираат нови облаци. Можни се и нови дождови и поплави.