Јоахим Лев останува германски селектор
20 јули 2010Покрај Јоахим Лев, своите договори до 31 јули 2012 година ги продолжија и менаџерот на репрезентацијата Оливер Бирхоф, како и помошниците на селекторот Ханзи Флик и Андреас Кепке.
„Имам радосна вест за љубителите на фудбалот во Германија - дека ги продолживме договорите со сојузниот тренер, неговите асистенти и менаџерот на тимот и оти ги потпишавме. Сметаме дека Јоахим Лев и во наредните две години ќе ја продолжи извонредната работа за германскиот фудбал што ја започна во 2004, заедно со Јирген Клинсман“, изјави денеска (20.07.2010) на заедничката прес-конференција во Франкфурт, претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), Тео Цванцигер.
Лев е најуспешен германски селектор досега
50-годишниот Лев, кој прво му беше асистент на селекторот Клинсман во 2006 година, со германската репрезентација го освои третото место на СП, а потоа, како сојузен селектор, освои сребро и бронза на ЕП во 2008 и последниот Мундијал во Јужноафриканската Република:
„Јас лично со мојот тим и се разбира со Оливер Бирхоф, многу се радуваме на оваа соравотка со ДФБ и се разбира со репрезентацијата“, рече Лев додавајќи дека германскиот тим има извонредни спортски перспективи и оти за него е голем предизвик по успешниот настап на СП да се продолжи со подготовките за ЕП во 2012.
Лев, според статистиките, е досега најуспешен германски селектор. Во 56 натпревари под негово раководство, репрезентацијата победила 39 пати, имала 8 нерешени средби и 9 порази.
Автор:СН/АТ/ард
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска