ЈИЕ – Дубровник самит
7 јули 2007Реклама
Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер изјави дека интегрирањето во НАТО и ЕУ е единственото решение кое им гарантира безбедност на земјите од Балканот. Шефер во говорот на самитот за “новиот европски југ” во Дубровник уште додаде дека вратите на НАТО се отворени. На дводневниот самит во Дубровник учествуваат и првиот човек на Советот на Европа Тери Деjвис, како и американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Даниел Фрид.