Јеремиќ во Подгорица
6 јули 2007Реклама
Министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ ги повика државите од регионот да се воздржат од еднострани потези во процесот на решавање на косовското прашање. Јеремиќ кој денеска е во посета на Подгорица изјави дека и црногорскиот колега Рочен се согласил дека „унилатерални акти не би придонеле за стабилноста кон која тежнее регионот“. Рочен и до сега повторуваше дека Подгорица нема намера да експериментира со билатерално признавање на Косово.