Јапонија - земјотрес
16 јули 2007Реклама
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе стотици се повредени во земјотрес со јачина од 6,8 сепени според Рихтеровата скала, во северозападниот регион Ниагата, во Јапонија. Најтешко е погоден градот Кашивазаки. Агенциите јавуваат за повеќе урнати објекти во регионот. Според последните информации, пожарот кој го зафати електричниот трансформатор во нуклеарната централа не предизвикал радиоактивно зрачење. Претходно беше јавено дека реакторот навреме бил затворен. Потресот бил почувствуван и во главниот град Токио, кој е 250 километри одалечен од местото на епицентарот.