Јапонија – влада
27 август 2007Реклама
Јапонскиот премиер Шинзо Абе донесе одлука за реконструкција на владата. Нов министер за надворешни работи е Нобутака Махимура, кој доаѓа на местото на Јунихиро Коизуми. Промени има и во ресорите финансии, економија и одбрана. Реконструкцијата на владата се гледа како обид на владеачката пaртија, ЛДП, повторно да ја добие довербата на избирачите. На изборите за горниот дом на парламентот, одржани на 29 јули, ЛДП го претрпе најтешкиот пораз во нејзината историја и го загуби мнозинството.