1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрук на Косово

5 април 2004

Петер Штрук реши на Косово да испрати дополнителни 600 војници. Денеска патува во покраината во посета на германските единици

https://p.dw.com/p/AdFt
Петер Штрук
Петер ШтрукФотографија: AP

Пред околу три недели на Косово се случија најтешките безредија од завршувањето на војната. Во судирите меѓу Албанците и косовските Срби загинаа окоу 30 лица, беа запалени православни цркви, манастири и куќи на Србите. Поради тоа германскиот министер за одбрана Петер Штрук денеска патува на Косово каде што Бундсверот има најмногу војници во рамките на КФОР.Пред заминувањето Штрук изајви: “Одговорните политичари на Косово мораат да се откажат од големите соништа. Само оној што ќе прифати дека Србите смеат да се вратат во своите домови може да најде место во европската заедница на народите“. Офицерите на Бундесверот велат дека крвавите нереди од пред три недели се случиле многу ненадејно:

“Како според бројот, така и според брзината на она што се случи беа неочекувани. Во основа ние не сме овде за да ги евакуираме духовните лица“.

Германскиот министер денеска ќе се сретне со војниците на Бундесверот и веројатно ќе слушне слични објаснувања, но секако и барања. Еден командант на германскиот контингент во КФОР пред една недела побара подобра опрема и повеќе војници иако веќе беше пристигнато засилувањето. Ситуацијата е мирна, вели претставникот на КФОР Пипер, но не е стабилна и наликува на пауза. Командантот на КФОР Камерхоф токму за тоа ќе го информира министерот Штрук за време на посетата на Приштина. Првите дански и американски засилувања веќе се повлечени, а Камерхоф сака колку што е можно повеќе војници да останат. Од друга страна, можностите на министерот Штрук се ограничени. Со сегашните 3 илјади и 800 војници германскиот контингент е најголемиот на Косово. НАТО ќе мора да остане и натаму, што Штрук веќе јасно го соопшти. Тој знае дека брзо решение не е можно. Сите косовски политичари го осудија насилството, но претседателот Ругова го обнови старото барање: тој бара веднаш да биде признаена независноста на српската провинција. Секако, политичарите во Белград имаат поинакво мислење. Премиерот Коштуница бара поглема самоупрва нза српското малцинство на Косово. Само за една работа обете страни се согласни: поделба на покраината не прифаќаат, барем засега. И натаму најголемиот проблем за целиот регион е прашањето за статусот.