1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрук во Авганистан

20 февруари 2007

Поранешниот германски министер за одбрана и актуелен шеф на собраниската група на Социјалдемократската партија, Петер Штрук ,допатува во дводневна посета на Авганистан.

https://p.dw.com/p/AdQT
Петер Штрук
Петер ШтрукФотографија: PA/dpa

Повод за посетата на Петер Штрук на Авганистан е претстојната одлука на германскиот парламент за испраќањето шест разузнавачки авиони од типот „Торнадо„. Бидејќи авионите треба да се користат и на југот од Авганистан, каде се водат огорчени борби со востаничките сили на Талибанците, германските парламентарци стравуваат дека Германија може да биде вовлечена во војната со Талибанците и терористите на Ал Каеда.Во меѓувреме трупите на НАТО успеаја да повратат без борба еден град во западната покраина Фарах. Градот Баква претходниот ден беше заземен од силни единици на Талибанците.