Шторбек за Дојче Веле „Македонија не е жариште на организираниот криминал„
12 септември 2007Реклама
Безбедноста на Македонија и целиот Балкан е клучна за безбедноста во Европа, изјави во интервју за „Дојче Веле„ Јирген Шторбек, раководител во одделот за безбедност на сојузната покраина Бранденбург и поранешен прв човек на Европол. Тој смета дека доколку Европа не се грижи за безбедноста во регионот, како и во Франција и Германија, тоа би било штетно за ЕУ и нејзините граѓани. „Македонија не е жариште на организираниот криминал кој би можел да ја загрози Европа, туку една од повеќето земји во Европа низ која се криумчарат илегални стоки. Многу е важно службите за безбедност да соработуваат во борбата против овие појави, вели во интервјуто за „Дојче Веле„ Јирген Шторбек кој учествуваше во проектите Твининг и Кардс на ЕУ за Македонија.