1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмaер за ДВ: без одлука за статусот расте нетрпението на Косово

1 јули 2007

И германскиот министер за надворешни Франк Валтер Штајнмаер очекува средбата на Путин и Буш да донесе некаков импулс за решавање на статусот на Косово.

https://p.dw.com/p/B85y
Франк Валтер ШтајнмаерФотографија: AP

Министерот за Дојче Веле сведувајќи биланс на полугодишните активности на Германија како претседавач со ЕУ на темата Косово објаснува зошто не успеаа да го решат овој проблем.

“Мора да се признае дека околу утврдувањето на статусот за Косово сме многу далеку од решение и од приближување на ставовите на членките на СБ на ОН. Од европска гледна точка тоа е неповолен развој на настаните и ситуацијата не треба да се разубавува. На Западниот Балкан му е потребна стабилност, а за тоа е потребно во догледно време да биде одредена политичката и државната иднина на Косово, без разлика колку тешко да биде тоа. Се надевав дека во Советот ќе биде постигната согласност врз основа на предлогот на Марти Ахтисари, кој во суштина влече кон независност на Косово. Но, тоа не се случи. Сега помалку се надевам во разговорите кои ќе ги водат американскиот претседател Буш и рускиот, Путин на неформалната средба. Се надевам дека оваа тема нема да биде ставена на страна и дека овие разговори ќе бидат основа за градење на заедничката свест дека утврдувањето на статусот не може да биде одлагано уште долго време. Во спротивно нетрпението, пред се на Косово, ќе се зголеми, и тогаш ситуацијата тешко ќе може да се контролира”.