Штајнмаер и Шили ќе сведочат за Курназ
29 март 2007Реклама
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и поранешниот министер за внатрешни, Ото Шили денеска треба да одговараат пред истражната парламентарна комисија за случајот со поранешниот затвореник во Гвантанамо, Мурат Курназ. Прашањето кое се поставува е дали поранешната црвено зелена владина коалиција вложила доволно напори за да го ослободи Курназ за кој постоеле докази дека е невин уште пред четири години, а беше ослободен лани. Штајнмаер во тоа време беше шеф на кабинет на канцеларот Шредер.