Штајнмаер вети европска помош за Израелците и Палестинците
2 ноември 2007Реклама
Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, ги повика Израел и Палестинците да не ги пропуштат шансите за напредок во мировниот процес и на двете страни им вети европска помош на патот кон мировни разговори. Европа сака да даде придонес доколку тој придонес е посакуван од двете страни и доколку е од помош, изјави Штајнмаер по разговорите со неговата израелска колешка, Ципи Ливни во Тел Авив.