Штајнмаер бара дијалог со Русија
14 јули 2007Реклама
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер изрази загриженост поради одлуката на Русија да излезе од договорот за конвенционално оружје со Европа. “Договорот е и останува централен составен дел на меѓународната архитекрура за разоружување. Затоа најавата од Москва ја посматраме со загриженост.” рече Штајнамер за време на посетата на Литванија. Германскиот министер изрази и очекување дека меѓународната заедница и Русија ќе ги обноват преговорите.