1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаШри Ланка

Шри Ланка има нов претседател

Сабине Фабер
20 јули 2022

Парламентот во Коломбо го избра Ранил Викремесинге за нов претседател на Шри Ланка. Дали тој ќе може да ѝ даде поттик на економијата и да ги смири протестите во земјата, е неизвесно.

https://p.dw.com/p/4EOdF
Krisenland Sri Lanka hat einen neuen Präsidenten
Ранил Викремесинге е избран за нов претседател на Шри ЛанкаФотографија: Eranga Jayawardena/AP/dpa

Парламентот избираше од тројца кандидати, а најмногу гласови - 134 - доби досегашниот премиер Ранил Викремесинге. Неговите предизвикувачи од опозицијата  добија далеку помал број гласови - Дулас Алахаперума имаше 82, а Анура Дисанајаке само три гласа.

Пред гласањето, генералниот секретар на парламентт, Дамика Дасанајаке предупреди: „Членовите се потсетуваат дека е кривично дело доколку се фотографира гласачкото ливче или доколку тоа се покажува на други лица.“

Поранешните избори во Шри Ланка беа засенети од обвинувања за корупција и купување гласови. Додека во парламентот се гласаше, пред него стражареа стотици вооружени војници и полицајци. Демонстрантите досега се воздржани.

Voting begins to elect the new President, in Colombo
Војска и полиција пред парламентот во Коломбо Фотографија: REUTERS

Седумдесет и три годишниот Викремесинге презема одговрност за една банкротирана нација, која се надева на спас и е во разговори со Меѓународниот монетарен фонд. На 22-та милиони жители на Шри Ланка им недостига храна, гориво и лекови. Демонстрациите, кои траат со месеци поради досега невидената економска криза, минатата недела доведоа до тоа  досегашниот претседател Готабаја Раџапакса да најави своја оставка од Сингапур, откако претходно беше спасен од трупите на Шри Ланка и извлечен од неговата опколена резиденција.

По повлекувањето на Раџапакса, вршител на должност претседател беше Викремесинге. Според набљудувачите, со него земјата нема добра иднина. Тој е презрен од демонстрантите, кои бараа негова оставка на премиерската функција и го обвинуваат дека ги штити интересите на Раџапакса. Во Шри Ланка се очекуваат нови протести.

Вообичаено, претседателот во Шри Ланка го бира народот. Гласање во парламентот има само ако претседателската функција остане непополнета пред истекот на мандатот.