Шпанско финале во Лига Европа
27 април 2012Во финалето на фудбалската Лига Европа ќе играат две шпански екипи, Атлетико Мадрид и Атлетик од Билбао. Ова е исходот по реванш полуфиналните натпревари одиграни синоќа во Билбао и Валенсија.
На стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао, екипата на Атлетик успеа да ја надополни негативата од 2:1 во дуелот со португалскиот Спортинг, по првата средба одиграна во Лисабон. Со голот на Фернандо Љоренте на две минути пред крајот Атлетик го совлада Спортинг со 3:1 со што се избори за место во финалето. Претходно Сусаета во 17.минута ги донесе домаќините во водство од 1:0, Рики ван Волфсвинкел изедначи на 1:1 во 44.минута, а Ибаи во судиското надополнување од првиот дел ја врати предноста на Атлетик.
На вториот полуфинален двомеч, Атлетико Мадрид и по втор пат беше подобар од Валенсија. Откако првиот натпревар го доби со 4:2 на својот терен во Мадрид, синоќа на гостувањето во Валенсија победи Атлетико победи со 1:0. Адриан во 60.минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
Завршниот натпревар од Лига Европа е закажан за 9 мај во Букурешт.