Шефер во Скопје
21 април 2008Денеска во Скопје престојува генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер, кој не ги има симпатиите во македонската јавност поради начинот на којшто ја соопшти одлуката за одлагање на приемот на Македонија на последниот самит на НАТО.
Во Македонија од една страна пак, дипломати како во Скопје и Брисел но и во Вашингтон, знаат дека во кабинетот на премиерот Никола Груевски има приврзаници за нова преговарачка стратегија со Грција, која вклучива и спор пред Меѓународниот суд за правда. Од друга страна претседателот на Македонија се обидува во седиштето на ОН и кај генерланиот секретар Бан Ки -мун, да остави писмено несогласување со грчкото вето за македонскиот влез во НАТО, што според Црвенковски е прекршување на времената спогодба потпишана во Њујорк.