1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Шест нови случаи на коронавирус, први во Штип и Гостивар

БГ
19 март 2020

Во изминатото деноноќие евидентирани се шест нови случаи на лица заразени со Ковид-19, информира вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Вкупниот број на заразени достигна 48 лица.

https://p.dw.com/p/3Zk54
Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Четиригодишно девојче од Штип е најмладиот пациент заразен со коронавирусот досега евидентиран во Северна Македонија, информира Филипче. Девојчето најверојатно се заразило во Велика Британија од каде семејството се вратило на 14 март. Сега ќе биде сместена на Клиниката за инфективни болести во Скопје заедно со нејзината мајка.

За првпат од почетокот на епидемијата, коронавирусот сега се дисперзира и пошироко низ земјата, а вкупниот број случаи достигна 48. Сите случаи досега беа концентрирани во Скопје и Дебар. Но освен Штип, еден случај, жена-повратник од Швајцарија, е регистриран и во Гостивар. Уште три случаи во последните 24 часа се евидентирани во Дебар, и еден нов во Скопје кој бил во директен контакт со заболените откриени во последниве неколку дена.

„Бројот на пациенти е во пораст, здравствениот систем засега е добро менаџиран. Исклучително е добро тоа што пациентите се откриваат во раната фаза, затоа што оние во доцна фаза го колабираа здравствениот систем во многу други земји“, оцени на вечерашната прес-конференција Филипче. 
Според министерот, добро е што засега вкупниот број на заразени од вирусот е низок, што му овозможува на здравствениот систем да реагира навремено. 

„Ова не е нешто што може само здравствениот систем да го изменаџира. Исклучително е важна улогата на граѓаните и нивната свест“, порача Филипче. 

Како да разговарате со децата за коронавирусот?

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи