Чиле и Аргентина стравуваат од ерупција на вулканот Копауе
28 мај 2013Изминатиот декември, вулканот висок 2997 метри исфрли лава, чад и пепел. Сега владата на Чиле повторно прогласи тревога. За општината Алто Биобио, која се наоѓа во подножјето на вулканот Копауе, е прогласен највисок степен на тревога. Во опкружување на 25 километри во овој регион на Андите властите воведоа забрана за движење и наредија евакуација. Тие испратија воени возила за 2440 жители да бидат превезени на сигурно место.
Се стравува од ерупција
Според експертите досега повеќе километри во височина се издигнуваат само облаци чад. Државната служба за рударство и геологија „Сернагеомин“ меѓутоа предупреди од ерупција. Министерот за внатрешни работи на Чиле Андрес Чадвик преку телевизијата соопшти: „Копауе постојано и се' повеќе е активен. Не може да се исклучи ерупција. Затоа е наредена евакуација“.
Исто така и во провинцијата Неукен во Аргентина властите прогласија највисок степен на готовност и наредија евакуација на погодените региони. Евакуирани се околу 900 луѓе. На аргентинската страна на вулканот се наоѓаат термални бањи кои се многу посетувани.