Чешка е приврзаник на проширувањето на ЕУ
11 март 2009Реклама
Пораката за поддршка на Македонија и земјите од Западен Балкан, наспроти скептицизмот кон проширувањето присутен во одредени центри на Унијата, Мирек Тополанек им ја пренесе на одвоени средби на претседателот на државата Бранко Црвенковски и на премиерот Никола Груевски. При тоа претседавачот со ЕУ укажа на важноста на претстојните избори: „Македонија мора да ги исполни основните критериуми, темелно да ги спроведува реформите и овој месец да спроведе избори кои за земјата практично претставуваат поправен испит“ - нагласи Тополанек на средбите во Скопје.
Слушнете ги и другите елементи од неговата порака до македонското раководство во следниот аудио прилог.