Чеку: не гледаме потреба од посебна мисија на СБ
11 април 2007Реклама
Привремената косовска влада не гледа потреба од посета на специјална мисија на СБ на ОН, но ќе соработува со неа, изјави косовскиот премиер Агим Чеку. Тој појасни дека на секои три месеци во Њујорк се испраќа извештај за состојбата на теренот, поради што не гледа потреба од посебна мисија со иста задача. СБ на првата сесија за Косово најави дека ќе го прифати предлогот на Русија и во Белград и Приштина да се испрати специјална мисија која ќе ја увиди сосотојбата на теренот пред да биде донесено конечно решение за иднината на Косово.