Црна Гора доби устав
20 октомври 2007Реклама
16 месеци по одвојувањето од Србија, Црна Гора за прв пат добива нов устав како суверена и независна држава. 55 пратеници од владејачката партија и дел од опозицијата гласаа за усвојување на документот, 21 пратеници од српската опозиција беа против. Претставниците на албанците во парламентот не присуствуваа на седницата. Црна Гора на почетокот на минатата недела во Стразбур потпиша договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.